Muhammed Enes Çallı
10 Октомври 2023•Ажурирај: 11 Октомври 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан и неговиот италијански колега Антонио Тајани разговара за конфликтот меѓу Израел и Палестина, објавија турски дипломатски извори, пренесува Анадолу.
Тие додадоа дека Фидан и Тајани телефонски разговарале за последните случувања во регионот.
Военото крило на Хамас, Бригадите Ал-Касам, во саботата наутро започна сеопфатна операција наречена „Поплава Акса“. Илјадници ракети беа истрелани од Газа кон Израел, а вооружени групи навлегоа во населбите во регионот.
Групата соопшти дека операцијата била одговор на израелските напади врз комплексот на џамијата „Ал Акса“ во окупираниот Источен Кудс (Ерусалим) и зголеменото насилство од доселениците.
Бројот на Палестинци убиени од израелските сили во Газа се искачи на 704, од кои 143 деца и 105 жени, соопшти рано утринава Министерството за здравство со седиште во Газа. Се вели дека бројот на ранети се искачил на околу 4.000.
Според Министерството за здравство, најмалку 900 Израелци загинале, а повеќе од 2.600 се ранети.