Aykut Karadağ
16 Мај 2022•Ажурирај: 17 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Во полициска акција во југоисточниот турски град Шанлиурфа е приведен терорист на терористичката организација ДЕАШ кој подготвувал самоубиствен бомбашки напад, соопшти турското Министерство за внатрешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Операцијата на специјалните антитерористички тимови на турската полиција е започната по налог на Републичкото обвинителство во Шанлиурфа, кое претходно наиде на надворешен диск на кој беа откриени бројни информации за активностите на терористичката организација ДЕАШ.
Во полициската акција е уапсен осомничениот Бесар ел Мижен, кој го користел кодното име „Аби Енес ел Кахтани“ во рамките на терористичката организација ДЕАШ.
Во станот што тој го користел биле пронајдени голем број електронски документи поврзани со терористичката организација ДЕАШ.
„Откриено е дека терористот бил во контакт со т.н. високи функционери на областа Шам, дека сакал да изврши терористички самоубиствен напад и дека како „волк-самец“ имал намера да го изведе во Турција“, соопшти Министерството.
Бесар ел Мижен е десеттиот терорист кој е уапсен оваа година додека планирал самоубиствен бомбашки напад во Турција.
Како што дознава АА, Бесар ел Мижен се приклучил на терористичката организација ДЕАШ во 2015 година, а поминал и обука во терористички кампови. Тој делуваше како „воин“ во редовите на терористичката организација.
Ел Мижен собирал разузнавачки информации и за терористичката организација ДЕАШ, при што било утврдено дека доброволно се пријавил за спречениот терористички напад.