Behçet Alkan
15 Ноември 2024•Ажурирај: 16 Ноември 2024
НЕВШЕХИР (АА) - Кападокија, Општина Гореме, е една од најпознатите туристички дестинации во Туркије, каде што се спојуваат убавината на природата и историјата, формирајќи еден од најубавите пејзажи во светот, јавува Анадолу.
Областа ги доби најубавите бои на есента, во кои уживаат голем број туристи од целиот свет. Посебно искуство за нив е што можат да го набљудуваат овој регион, кој е на листата на светско наследство на УНЕСКО, од балони што се главна атракција на ова турско место.
Инаку, временските услови во областа дозволуваат околу 300 дена годишно да летаат балони. Во градот Гореме живеат 2.100 луѓе. Се случува наутро на небото да летаат до 100 балони. Секој балон може да носи до 20 луѓе. Околу 2,5 милиони туристи ја посетуваат Кападокија секоја година.
Геолошките движења ги формирале белите самовилски оџаци, а низ историјата луѓето во Кападокија оставиле траги од сопствените цивилизации, градејќи куќи во карпите и претворајќи ги во ремек-дела на човечката цивилизација.
Есента е годишно време со најтопли, најинтензивни бои на природата и најразновидни текстури.
Токму такви бои на есента, кои никого не го оставаат рамнодушен, сними фоторепортерот на Анадолу во Кападокија.