İlkay Guder
02 Септември 2017•Ажурирај: 03 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Портпаролот на Кабинетот на претседателот на Република Турција, Ибрахим Калин, изјави дека за долгорочно решавање на прашањето во врска со Аракан голема одговорност паѓа на меѓународната заедница, и дека е срамен фактот што целиот свет на сето тоа молчи, јавува Anadolu Agency (AA).
Калин преку социјалната мрежа Твитер се осврна на последните случувања во врска со муслиманите во Аракан.
Тој истакна дека продолжуваат напорите на сите нивоа за ставање крај на случувањата во Аракан, и додаде дека самиот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган, е многу ангажиран на тој план.
Калин додаде дека Турција продолжува да одржува контакти со претставниците на Мјанмар и на Бангладеш, со цел да се достави и хуманитарна помош.
„ТИКА, АФАД и Црвената полоумесечина се подготвени. За долгорочно решение за прашањето во врска со Аракан, одговорноста паѓа на меѓународната заедница. Срамно е молчењето на целиот свет. Турција ќе продолжи со конструктивните и одлучувачки ставови за решението. И ако тоа го направи целиот свет, Турција нема да ги остави муслиманите од Аракан“, порача Калин.