Murat Paksoy
29 Декември 2019•Ажурирај: 30 Декември 2019
ИСТАНБУЛ
Портпаролот на Кабинетот на претседателот, Ибрахим Калин, во емисијата „Зад сцената во главниот град“, што се емитува на телевизијата „Канал 7“, одговори на прашањата кои се наоѓаат на агендата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оценувајќи ја надворешната политика во 2019 година, Калин рече дека биле сведоци на многу глобални настани, како што е трговската војна меѓу САД и Кина, која е зголемена во 2019 година.
Калин истакна дека внатрешните пресметки во американскиот систем и политичкиот поглед претставен од Трамп имале ефекти врз политиките во Европа, Блискиот Исток и во другите региони.
Тој, нагласувајќи дека е создаден еден феномен наречен „Влијанието на Трамп“, потсети дека во 2019 година во голем број места имаше улични демонстрации од различни причини.
Наведувајќи дека Русија останува растечка моќ, Калин рече дека подемот на Русија, кој започна со грузиската криза за прв пат, продолжи во Крим, Украина, Сирија и сега почна да се гледа и во Либија.
Ибрахим Калин, исто така, истакна дека 2019 година поминала добро за Турција, и во однос на активностите на терен и на маса.
„Тука имаме 3 значајни настани. Првиот е операцијата „Извор на мирот“, реализирана по операцијата „Штитот од Еуфрат“, со која беше јасно дадена пораката: 'Во Сирија не можете да направите план без Турција'. Вториот беа активностите на Источниот Медитеран, тоа беше важен чекор. Сакаа да нè уапсат во заливот во Анталија, и покрај фактот што имаме најдолг брег во Медитеранот. Со иницијативата на претседателот направен е многу важен потег. Им беше кажано: 'Не, и не сме на теренот'. Во моментов, нашите два сеизмички и двата сондажни брода ги продолжуваат своите истражувања во Источниот Медитеран“, нагласи Калин.
„Третиот настан се однесува на Либија“, рече Калин и додаде: „Последните два договора, нашите препораки во однос на кризата во Либија, нашите перспективи и политичкиот став за нас покажуваат дека во 2019 година бевме моќни и на терен и на маса. Ефектите од тоа ги видовме со договорите склучени со САД и Русија по операцијата „Извор на мирот“. Нашиот претседател кога замина на Самитот на НАТО, замина како лидер кој ја докажа својата моќ на теренот, така седна на маса и на тој начин ја претстави перспективата за НАТО.“
Наведувајќи дека ерата на глобалната неизвесност достигна врв во 2019 година, Калин рече дека тоа веројатно ќе продолжи и во 2020 година.