Muhammed Enes Can,Murat Kaya
07 Февруари 2017•Ажурирај: 07 Февруари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Во рамките на истрагата против персоналот на Техничкиот универзитет во Истанбул притворени се 22 од 28-те приведени лица поради користење на системот за тајна комуникација „Бајлок“ и поради членство во терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Како дел од истрагата на Канцеларијата за борба против тероризмот и организираниот криминал при Јавното обвинителство во Истанбул, обработени се вкупно 33 лица.
За пет лица е одобрена одлуката за забрана за напуштање на земјата, а шестмина се ослободени со други рестриктивни мерки.
Дежурниот суд во Истанбул донесе одлука за притворање на 22 лица поради членство во вооружената терористичка организација.
Полицијата трага по четири лица, за кои е издадена наредба за притвор.