Турција

Истанбул ќе биде домаќин на Конференцијата на азиско-пацифичките трговски комори

Шефот на Конфедерацијата Џемал Инаисхвили: „Турција продолжува да се трансформира во еден од светските економски центри и да ги истражува областите кои нудат потенцијал за раст на вашите соодветни компании.“

Gökhan Ergöçün  | 17.11.2018 - Обновена : 19.11.2018
Истанбул ќе биде домаќин на Конференцијата на азиско-пацифичките трговски комори

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Истанбул наредната недела ќе биде домаќин на 32. годишна конференција на Конфедерацијата на азиско-пацифичките трговски и индустриски комори, јавува Anadolu Agency (AA).

Коорганизатори на дводневната конференција која започнува в петок, ќе бидат Конфедерацијата на азиско-пацифичките трговски и индустриски комори (CACCI) и Турскиот сојуз на стопански комори и стоковни берзи (TOBB), под покровителство на турското претседателство.

Конференцијата ќе биде фокусирана на мерките за посилна инвестиција и можностите за производство со помош на експертите.

Седниците ќе се осврнат на прашањата за улогата на коморите во бизнисот, иновациите, дигитализацијата, регионалната интеграција, одржливиот развој и глобалната економија.

За време на конференцијата се очекуваат говори од страна на челниците на Конфедерацијата на азиско-пацифичките трговски и индустриски комори и Турскиот сојуз на стопански комори и стоковни берзи, како и од страна на турскиот министер за трговија, заменик-шефот на Светската трговска организација (WTO), Ји Ксиаозхун и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

На конференцијата, исто така ќе присуствуваат десетици говорници - лица од трговските комори, од Бизнис-советот, претставници на невладини организации, советници, претприемачи и бизнис-лица.

Шефот на Турскиот сојуз на стопански комори и стоковни берзи (TOBB), Рифат Хисарџиклиоглу, изјави: „Азиско-пацифичкиот регион вклучува 40 отсто од светската популација и 23 отсто од глобалната економија.“

„Ние ја земаме предвид растечката важност на регионот Азија - Пацифик за глобалната економија и се трудиме да ја искористиме синергијата што ќе биде победничка за сите“, додаде тој на веб-страницата на конференцијата.

„Годишниот извоз на стоки и услуги на земјите на Конфедерацијата на азиско-пацифичките трговски и индустриски комори изнесува околу 5 трилиони долари“, истакна тој.

Шефот на Конфедерацијата, Џемал Инаисхвили, ги повика сите земји членки да присуствуваат на конференцијата во Истанбул, бизнис-центарот во Турција.

„Турската економија е во пораст, со минатогодишен интензитет на раст, поттикнат од силен фискален стимул и силно заздравување на извозната побарувачка“, истакна тој на веб-страницата на конференцијата.

Тој, исто така рече: „Турција продолжува да се трансформира во еден од светските економски центри и да ги истражува областите кои нудат потенцијал за раст на вашите соодветни компании.“

Конференцијата ќе биде одржана во палатата „Џираган Кемпински“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.