Salih Şeref
30 Октомври 2019•Ажурирај: 31 Октомври 2019
ИСТАНБУЛ
Изложбата на Anadolu Agency (AA), на која се претставени победничките фотографии на меѓународниот натпревар „Istanbul Photo Awards 2019“, ќе биде отворена утре на Меѓународниот аеродром „Сабиха Ѓокчен“ во Истанбул, јавува AA.
По изложбата во Анкара, а потоа и во истанбулската општина Бејоглу, најуспешните фотографии на Меѓународниот натпревар во фотографија, кој се одржува од 2015 година, љубителите на фотографии ќе имаат можност да ги погледнат на аеродромот „Сабиха Ѓокчен“, во азискиот дел на Истанбул.
Спонзори на натпреварот беа Турската агенција за меѓународна соработка и координација (ТИКА) и „Туркиш ерлајнс“ (THY). Оваа година на натпреварите се пријавија фоторепортери од повеќе од 100 земји, со околу 15.000 фотографии.
Ахмед Гарабли фотографијата на годината во категоријата „Вест“ ја направи во Ерусалим, а станува збор за фотографија на која се гледа како Палестинка со мобилен телефон фотографира израелски војник додека тој се обидува да направи „селфи“.
Во конкуренција на серијата фотографии во категоријата „Вест“ се наградени фотографии кои под наслов „Илјадници централноамерикански мигранти“, ја направи фоторепортерот на француската новинска агенција „Франс прес“ (AFP), Гуилермо Аријас.
Изложбата на аеродромот ќе биде отворена до 30 ноември.
Сите подетални информации за наградените фотографии можат да се најдат на интернет-страницата http://istanbulphotoawards.com/.
Пријавувањето за „Istanbul Photo Awards 2020“ започнува в петок, 1 ноември, а ќе трае до 31 јануари 2020 година.