Ahmet Sertan Usul
08 Октомври 2017•Ажурирај: 09 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Порастот на бројот на странските туристи во турскиот град Истанбул забележан во летната сезона, продолжи и во септември, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на турското Министерство за култура и туризам, околу 8 милиони странски туристи го посетиле Истанбул во последните 9 месеци.
Според податоците на министерството според месечната посетеност, бројот на странските туристи кои го посетиле Истанбул во септември е зголемен за 30 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Во месец септември Истанбул го посетиле 1.045.896 туристи.
Исто така, бројот на странските посетители во Истанбул во последните девет месеци е зголемен за 13 отсто во споредба со истиот период 2016 година. Во периодот од јануари до септември оваа година Истанбул беше домаќин на 7.997.982 туристи.
Најголем дел од странските турсисти коишто го посетиле Истанбул се од Германија, и тоа 736.444; 636.815 туристи од Иран и 470.557 туристи од Саудиска Арабија.