Турција

Зајдисонце во Трабзон

- Сончевите зраци ги облеваат фасадите на историските згради, а снимката со дрон ни ја дава прекрасната глетка на градот и џамијата „Аја Софија“.

Oktaj Omeragikj  | 07.07.2025 - Обновена : 07.07.2025
Зајдисонце во Трабзон

ТРАБЗОН (АА) - Црвенилото на небото од зајдисонцето во Трабзон и џамијата „Аја Софија“ создадоа прекрасна слика во оваа турска област, известува Анадолу.

Зајдисонцето во Трабзон создава прекрасна глетка на градот и морето со своите црвено-златни бои.

Сончевите зраци ги облеваат фасадите на историските згради во градот, а снимката со дрон ни ја дава прекрасната глетка на градот и џамијата „Аја Софија“.

Трабзон е град на брегот на Црното Море во североисточна Турција и главен град на покраината Трабзон.

Историски познат како Трапезунт (Trapezous), градот го добил името по зарамнетата планина во близина на градот. Основан е од грчките трговци од Милет, и се верува дека е основан во 756 година пр. н. е.

Градот бил многу важен во римско време, како и по 1204 година, кога тука било основано Трапезунтското?Трапезското Царство, едно од државите наследнички на Византиското Царство по Четвртата крстоносна војна.

Градот потпаѓа под турска власт во 1461 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın