Mustafa Yıldırım
04 Јануари 2017•Ажурирај: 04 Јануари 2017
ИЗМИР (АА) - Во акција на припадниците на турските безбедносни сили во западниот дел на земјата, во Измир се приведени вкупно 20 лица, припадници на терористичката организација ДЕАШ. За овие лица постои сомнение дека се поврзани со терористичкиот напад во кој загинаа 39 лица, изведен на новогодишната ноќ во ноќниот клуб „Реина“ во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Тимови од Одделот за разузнавање и борба против тероризмот при полициската управа Измир, во рамките на започнатата истрага, со поддршка на специјалните сили извршиле упад на четири адреси во подрачјето на Борнова и Буџа во Измир.
Приведените, меѓу кои и 11 жени, по потекло се од Дагестан, Источен Туркестан и од Сирија.
Освен тоа, 20 деца што се затекнати заедно со осомничените се однесени во полициска станица.За време на претресот на просториите во кои престојувале oсомничените, пронајдени и запленети се снајперска пушка, уред за ноќно гледање, ранец, Џи-пи-ес, појас и друга опрема.
Осомничените во ќелијата во Коња престојувале со осомничениот за терористичкиот напад во Oртакој, Истанбул.