Andaç Hongur Erpehlivan,Sefa Mutlu
05 Февруари 2022•Ажурирај: 07 Февруари 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порача дека Турција ќе ги надмине сите предизвици, пред сè проблемот со инфлацијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган денес преку видеоконференција беше дел од свеченото отворање на неколку тунели на патниот правец Зонгулдак - Килимли.
„Благодарение на овој проект со износ на инвестицијата од 1 милијарда и 150 милиони турски лири, патувањето помеѓу Зонгулдак и Килимли, што траеше 40 минути, ќе се намали на само пет минути“, рече Ердоган.
Тој нагласи дека овој проект ќе биде од големо значење за понатамошниот развој на целиот регион.
„Важно ни е како живеат и што сакаат нашите граѓани. Секој проблем, секоја болка на нашиот народ е наш прв и неизоставлив приоритет“, рече Ердоган, и додаде:
„Ќе го пребродиме секој проблем што го имаме во овој период, првенствено проблемот со инфлацијата.“