Zehra Aydın
07 Февруари 2017•Ажурирај: 08 Февруари 2017
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денеска во Анкара ја нагласи решителноста во борбата против терористичката организација ФЕТО, се до потполно отсранување на сите елементи на таа терористичка организација, јавува Anadolu Agency (AA).
„Етиопија е меѓу нашите пријатели кои го увидоа злосторничкото лице на ФЕТО и кои се свесни од опасноста која ја претставува ФЕТО по човештвото.Во врска со тоа прашање правиме заеднички чекори. Решителни сме да го отстраниме тој тумор, не само од Етиопија, туку од целиот регион, и каде и да се прошири. Должни сме да го отстраниме бидејќи тоа е тумор", рече Ердоган по состанокот со претседателот на Етиопија Мулат Тешоме Вирту кој престојува во посета на Турција.
Истакна дека во текот на денешната посета се одржани и состаноци на делегациите на двете земји и потпишани се четири важни договори, додавајќи дека Етиопија е важен и близок пријател на Турција.
Додаде и дека Етиопија е еден од најважните стратешки партнери на Турција во Африка, напоменувајќи дека денеска имаа прилика да разговараат за јакнењето на соработката помеѓу двете земји и во нареден период.
„Денеска видов дека постои силна волја од двете страни во поглед на јакнење на соработката", рече Ердоган, потсетувајќи дека инвестициите на Турција во Субсахарска Африка изнесуваат шест милијарди долари, од што 2,5 милијарди во Етиопија.