Barış Gündoğan
05 Октомври 2021•Ажурирај: 06 Октомври 2021
АНКАРА
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган денес зборуваше на церемонијата на отворањето на академската година во високото образование за учебната 2021-2022 година во народниот Конгресен и културен центар Бештепе во Анкара, извесстува Агенција Анадолија (АА).
Во своето обраќање, претседателот Ердоган истакна дека Турција, со капацитет од над милион кревети во студентските домови, е земја која пружа најголемо сместување за студентите во светот.
Ердоган најави зголемување на сместувачките капацитети за студентите во Турција, велејќи дека во подготовка се уште 110.000 места за сместување.
Претседателот на Турција ја повтори одлучноста наставата во таа земја да се одвива во училишните клупи, без прекин.
„Во согласност со ситуацијата со бројот на заразени, некои класови може да бидат ставени во карантин, но ние не размислуваме за затворање на ниво на училиште или градови“, рече Ердоган во обраќањето на свеченото отворање на новата академска година во Претседателската палата во Анкара.