Mehmet Tosun
14 Април 2021•Ажурирај: 14 Април 2021
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека турската ракета БОЗДОГАН во првото лансирање оствари директен погодок, јавува Агенција Анадолија (АА).
Станува збор за проектил воздух-воздух, кој го развија турските инженери.
„Турската ракета БОЗДОГАН, која ја развија нашите млади инженери во рамките на проектот ГОКТУГ, во првото лансирање оствари директен погодок“, изјави Ердоган и додаде:
„Турција е меѓу неколкуте земји со технологија на ракети воздух-воздух“.