Турција

Ердоган: „Решителни сме да ја унапредиме нашата соработка со Германија"

„Решителни сме да ја унапредуваме нашата соработка во областа на економијата, трговијата, инвестициите, енергетиката и туризмот. Ќе го продолжиме и зајакнувааме дијалогот со Германија во регионалните прашања“, рече Ердоган

Nurettin Coşkun  | 24.01.2020 - Обновена : 27.01.2020
Ердоган: „Решителни сме да ја унапредиме нашата соработка со Германија"

ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска во Истанбул оствари средба со германската канцеларка Ангела Меркел, по која следуваше заедничка прес-конференција на двајцата лидери, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Решителни сме да ја унапредуваме нашата соработка во областа на економијата, трговијата, инвестициите, енергетиката и туризмот. Ќе го продолжиме и зајакнувааме дијалогот со Германија во регионалните прашања“, рече Ердоган.

Тој нагласи дека Турција и Германија го презедоа поголемиот дел од товарот на Европа што се однесува до миграциите, и додаде: „Да се врши побрза и поголема помош за Сиријците од страна на ЕУ и европските земји, пред сѐ е хуманитарна одговорност.“

Осврнувајќи се на либиското прашање, Ердоган истакна: „Одлучни сме да не ги оставиме сами нашите либиски браќа во овие тешки денови.“

Според Ердоган, поддржување на Владата на национално единство (во Либија) не е избор, туку обврска, според Резолуцијата 2.259 на Советот за безбедност на ОН.

Ердоган истакна дека приоритет на Турција и Германија е решавање на проблемите преку дијалог, и како што рече, како две земји упатуваат апел до страните за здрав разум.

„Нема да го оставиме сам Серач [во Либија] и одлучни сме да ја пружиме поддршката која можеме да ја дадеме“, рече Ердоган, истакнувајќи дека го поддржуваат Серач и неговата војска, и дека турските војници ќе ги поддржат обуките во Либија.

„Таканареченото прифаќање на 55-те точки е едно прашање, додека нивното потпишување е друго прашање. Хафтар сѐ уште не го потпиша тоа“, додаде тој.

„Зад оваа поддршка стои администрацијата на Абу Даби и Египет. Тие даваат поддршка за оружје, и исто така зад тоа стои Вагнер“, рече Ердоган.

Турскиот претседател, осврнувајќи се на прашањето за Идлиб, односно, на изградбата на засолништа од брикети за жителите на Идлиб, изјави: „Меркел рече дека може да дадат одредена поддршка во оваа насока.“

Тој исто така говореше и за случувањата во Иран и Ирак, нагласувајќи дека во последен период се зголемени тензиите во овие две земји.

„Не треба да се дозволи Ирак да биде влечен во една нова клима на хаос и немири“, истакна турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Германската канцеларка Меркел во своето обраќање нагласи дека актите усвоени на самитот за Либија во Берлин ќе бидат одобрени во Советот за безбедност на Обединетите нации.

Меркел го изнесе и ставот на Германија кога станува збор за помош на жителите на Идлиб.

„Истакнавме дека сме спремни финансиски да придонесеме да се поправи хуманитарната состојба кај луѓето кои бегаат од Идлиб", рече Меркел.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.