Hülya Çorakçı Ertan
05 Јануари 2018•Ажурирај: 05 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денеска Истанбул, во пресрет на поаѓањето во официјална посета на Франција, изјави дека со францускиот претседател Емануел Макрон ќе разговара за соработката во областите на економијата, стопанството, одбрамбената индустрија и борбата против тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Соработката на Турција и Франција се од животно значење за регионалниот мир и стабилноста", рече Ердоган.
Турскиот претседател во обраќањето до медиумите ги негираше наводите за ревизија на составот на Владата на Турција.