Yusuf Hatip
19 Декември 2017•Ажурирај: 20 Декември 2017
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција и понатаму максимално ќе се залага за зачувување на статусот на Кудс и ги повика сите членки на Обединетите нации да ја поддржат борбата за правдата и вистината, јавува Anadolu Agency (AA).
По состанокот со претседателот на Џибути Исмаил Омар Гуелех во Анкара, Ердоган потсети дека 14 членки на Советот за безбедност синоќа гласаа за резолуцијата која предвидуваше потврда на правната ништовност на американското признание на Кудс како главен град на Израел, но дека ветото на САД ги блокираше изгласувањето.
„Сега таа тема ќе ја ставиме на гласање во Генералното собрание на ОН и уверен сум дека сите членки и таму ќе бидат на страната на правдата и вистината за Кудс", рече Ердоган и додаде дека одлуката усвоена со двотретинско мнозинство во Генералното собрание ќе биде своевидно отфрлување на американското вето во Советот за безбедност и потврда на ништовноста на американската одлука за Кудс.
Гулех во обраќањето на новинарите рече дека Џубути и Турција имаат многу добри односи на бројни полиња.
„Двете земји имаат многу блиска соработка", рече претседателот на Џибути.
Нагласи дека Џибути и Турција до денес, не вклучувајќи ги денешните договори, потпишале над 40 договори за соработка.
На крајот изрази благодарност до Ердоган и Турција поради ставот за прашањето на Кудс, посебно нагласувајќи ја важноста на одржување на вонредниот самит на Организацијата на Исламска Соработка (ОИС) во Истанбул.
Американскиот претседателот Доналд Трамп на почетокот на декември го призна Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел и предизвика остри критики од меѓународната заедница, а посебно од исламскиот свет.
Синоќа Советот за безбедност на ОН гласаше за резолуцијата која требаше да ја потврди правната ништовност на таа одлука, а САД вложи вето и со тоа го блокираше изгласувањето. Преостанатите 14 членки гласаа за резолуцијата. Истиот текст на резолуцијата ќе биде на дневниот ред и на Генералното собрание на ОН во четврток и за усвојување на потребното двотретинско мнозинство.