Sarp Özer
14 Јули 2017•Ажурирај: 15 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес во Анкара изјави дека вонредната состојба во земјата ќе биде укината кога ќе биде постигната целта поставена во рамките на борбата против тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нѐ прашуваат кога ќе ја укинеме вонредната состојба. Кога ќе помине сета ова неволја, тогаш ќе ја укинеме. Кога ќе стигнеме до целта во борбата против тероризмот, тогаш ќе ја укинеме вонредната состојба. Пред тоа, не треба да се очекува да се укине вонредната состојба“, рече Ердоган.
Ердоган изјави дека 15. јули минатата година е нешто сосема ново во историјата на светската демократија.
„15 јули е новост во историјата на светската демократија. Водачот на ФЕТО без ниту малку срам зборува дека би дошол во Турција доколку му дозволат САД. Претходно беше повикан па не дојде. Зошто? Зарем ти за тоа би имал храброст? Знаеш што ќе се случи кога ќе дојдеш овде“, рече Ердоган.