АНКАРА
– Ѓоксел ЈИЛДИРИМ
Експертите во одбранбената индустрија дадоа оценка за тоа како санкциите на САД ќе влијаат на одбранбената индустрија на Турција и кои се алтернативните решенија.
Истражувачот на одбранбените политики, Анил Мевлутоглу, во изјавата за дописникот на АА рече дека санкциите за набавката на рускиот ракетен систем „С-400“, кои се дел од Законот за сузбивање на американските противници со санкции (CAATSA), претставуваат важна пресвртна точка во односите меѓу двете земји.
„Оваа одлука сигурно ќе остави длабока трага во социјалната меморија, а веројатно ќе има геополитички рефлексии“, рече Мевлутоглу.
Посочувајќи дека со санкциите е забрането издавање дозволи за извоз на Претседателството на одбранбената индустрија (SSB), Мевлутоглу рече:
„Бидејќи Претседателството на одбранбената индустрија (SSB) е клиент во набавките направени за потребите на Турските вооружени сили и на безбедносните сили, таа лиценца ќе биде забранета. Тоа значи дека отсега натаму ССБ не ќе може од САД да купува системи, потсистеми и делови. Не треба да има нарушувања во проектите чии договори се потпишани и стапија на сила. Но ќе треба да се изготват алтернативни решенија во проектите за производство и снабдување што не се достигнати во оваа фаза.“
Посочувајќи дека другите санкции наметнати врз ССБ со Законот за сузбивање на американските противници со санкции (CAATSA) се поврзани со финансирањето, Мевлутоглу рече дека соодветно на тоа САД планираат да ги стопираат кредите на ЕКСИМБАНК (EXIMBANK) од 10 милиони долари и повеќе.
Исто така, САД планираат да биде спречено да се добие поддршка од меѓународните финансиски институции, каде што САД се вклучени.
Покрај тоа, Мевлутоглу рече дека санкциите на Законот за сузбивање на американските противници со санкции (CAATSA) индиректно може да влијаат и на земјите и на компаниите што се во добри односи со САД и дека можно е тие да направат промени во однос на политиката кон Турција и ССБ.
„Дури и да нема политичка одлука или промена на ставот, компаниите можат да се оддалечат во односите со ССБ за да не добијат реакции од САД или пак, нема да сакаат да ризикуваат“, нагласи Мевлутоглу.
Можно е директните и индиректните ефекти на санкциите негативно да влијаат на турската одбранбена индустрија на краток рок и веројатно ќе наштетат на приходите од извоз и на производствените активности. Сепак, со ладнокрвност и со внимателни ставови, можно е секторот да стане посилен во среден рок.
- „И по цена на ослабување на заштитата од границите на НАТО“
Аналитичарот за одбранбена политика, Огуз Туран, посочи дека американските санкции од Законот за сузбивање на американските противници со санкции (CAATSA) за прв пат се воведуваат на земја членка на НАТО, како што е Турција.
„Значи, за прв пат во историјата на НАТО, на една земја од НАТО се применуваат санкции и по цена на ослабување на заштитата од границите на НАТО, а со тоа скришно ѝ се помага на Русија“, нагласи аналитичарот Огуз.
Наведувајќи дека во меѓународната јавност се очекуваат многу поостри интервенции, вклучително и економски санкции, Огуз рече:
„Првата проценка е дека овие санкции се сметаат за еден од најлесните можни чекори, но можно е да се појават позитивни или негативни нови случувања во однос на санкциите со раководството на Бајден. Скриена опасност е овие санкции да ги активираат и санкциите на ЕУ. Лидерите на ЕУ овој месец не презедоа чекори за санкции кон Турција, ги чекаа САД за да преземат понатамошни чекори. ЕУ-членките Франција, Грција и Јужен Кипар, кои сакаа да се воведат санкции против Турција, сега, покажувајќи го чекорот на САД, ќе направат притисок врз Германија, Бугарија, Италија и Шпанија, кои засега се противеа на тоа, да се воведат остри санкции на самитот на лидерите на ЕУ, што ќе се одржи во март 2021 година.“
Истакнувајќи дека за точни проценки треба да се почекаат деталните објаснувања за санкциите на американската администрација, Огуз рече:
„Сепак, во согласност со она што досега се знае, мојата првична и привремена проценка е дека санкциите на интересите на Турција, технички, најмногу ќе штетат од аспект на тоа што нема да се даваат дозволи за извоз на производи и технологија. Турција, за сите готови и полупроизводи што ги купува од САД, добива лиценци и дозволи. Ова, во зависност од ситуацијата, ќе може да влијае на различни нивоа.“
Посочувајќи дека некои големи и стратешки набавки, кои се направени преку ФМС (FMS - Програма за надворешна воена продажба на САД) се вршат преку Министерството за национална одбрана, а не преку ССБ, Огуз рече:
„Според состојбата во нашите односи со раководството на Бајден, сите овие дозволи може да се вратат на Министерството за национална одбрана и Турските вооружени сили (ТСК) и проблемите да се решат во голема мера. Ако тоа не е можно, не сме без алтернатива. Доколку САД не ја повторат ситуацијата спротивна на меѓународното право, како во проектот Ф-35, сметам дека проектите, како што се заедничкото производство на хеликоптери за општа намена Т-70 и сродните набавки на услуги, не треба да бидат засегнати. Сепак, сметам дека ќе влијае на набавката на мотори за пакистанските хеликоптери АТАК, чии дозволи не се добиени до ден-денес и употребата на американските мотори за проектот „Хуржет“ (Hürjet).
- Проблем со резервните делови
Огуз Туран рече дека еден од најкритичните невидени несакани ефекти е да се запре снабдувањето со делови и потсистеми произведени од други земји, кои содржат компоненти од САД.
Истакнувајќи дека слични процеси траат веќе подолго време, Огуз рече дека се започнати студии за домашно производство на некои делови и дека некои од нив се завршени и се користат.
„Во некои, изворот на снабдување е променет, за некои ќе има некои тешкотии, но ќе има и алтернативи“, додаде аналитичарот Огуз Туран.
Наведувајќи дека најчесто се поставуваат прашањата „дали ќе има проблем со резервните делови за критичните платформи и оружјето што потекнува од САД, како што е Ф-16, и дали операциите ќе бидат прекинати поради проблем со резервните делови“, Огуз нагласи:
„За жал, ова нема едноставен и единствен одговор. Основната причина што санкциите од страна на членовите на американскиот Конгрес се вклучени во законите е да се спречат интервенциите на Турција во војните во регионите, што ќе влијаат на интересите на САД. Тоа го знаеме од содржината на законите. Првиот метод што ќе го обезбеди тоа е да се спречи набавката на делови за постојното оружје и да не може да се спроведуваат операции без да се купат делови од САД. Сепак, Турските вооружени сили (ТСК), кои не ги забораваат искуствата со ембаргото во изминатите години, секогаш имаат резервни делови за долг период. Мислам дека тие резерви ќе бидат доволни додека не се започне со домашното производство.“
- „Турција ќе размислува за сите алтернативи“
Огуз Туран истакна дека Турција, особено во 2016 година, по почетокот на операциите во Сирија, беше предмет на скриени и отворени ембарга на САД и европските земји.
Огуз во својата проценка за ова прашање ги истакна следните ставови:
„Овој чекор значи официјално ставање име на санкциите. Овие санкции на краток рок ќе ги запрат и ќе предизвикаат некои нарушувања на набавките на оружје од САД. Сепак, со овој процес, турската одбранбена индустрија ќе претрпи структурни промени и ќе размислува за сите алтернативи.“
news_share_descriptionsubscription_contact
