Barış Kılıç,Serdar Açıl
13 Април 2018•Ажурирај: 14 Април 2018
АНКАРА (АА) - Денеска во Анкара во рамките на судскиот процес „28 февруари“, 21 обвинет, меѓу кои и Исмаил Хаки Карадаји, Чевик Бир и Четин Доган се осудени на доживотна казна затвор, јавува Anadolu Agency (AA).
Советот за национална безбедност на Турција на 28 февруари 1997. година донесе низа одлуки кои неретко се нарекуваат постмодерен воен удар врз владата на тогашниот премиер на Турција Неџметин Ербакан.
Спорниот меморандум на воениот врв на Турција усвоен 1997. година резултираше со влијание на војската во извршната власт и колапс на владата на чие чело беше тогашниот премиер Ербакан.
Исмаил Хаки Карадаји во тој период е Началник на Генералштабот на турската војска. Четин Доган во истиот период е генерал, кој се споменува како претседател на „Западна работна група“. Чевик Бир во тој период е генерал, кој исто така се споменува со „Западна работна група“ која во периодот на 28 февруари, спроведувала дискриминаторска политика врз конзервативците.
Во судскиот процес „28 февруари“, денеска 68 лица добија ослободителна пресуда.