Furkan Naci Top
26 Јануари 2017•Ажурирај: 26 Јануари 2017
АТИНА (АА) - Врховниот суд на Грција (Ариос Пагос) донесе одлука да не се испорачаат осумтемина пребегнати турски војници пучисти кои по неуспешниот јулски обид за воен удар на терористичката организација ФЕТО, со хеликоптер побегнаа од Турција во соседна Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Врховниот суд денес одржа рочиште на кое пребегнатите пучисти беа доведени со врзани раце и под зајакната полициска придружба.
Судиите потоа на секој од нив им ја прочитаа пресудата со која Грција го одбива барањето на Турција за испорачување на осумтемина војници кои како припадници на терористичката организација ФЕТО учествуваа во неуспешниот јулски обид за пуч во Турција, а потоа со хеликоптер на турската војска побегнаа во Грција.
Претходно, пониските грчки судови изрекоа првостепени пресуди според кои беше наредено тројца од пребегнатите пучисти да бидат испорачани на Турција, а петмина да бидат задржани во Грција. По подигнатата жалбена постапка, случајот се префрли во Врховниот суд во Атина.