Ömer Ürer
24 Октомври 2021•Ажурирај: 26 Октомври 2021
ДУЗЏЕ
Дрвјата што со доаѓањето на есента се обоија во златножолта боја, се една од прекрасните глетки на природата што во моментов ја краси околината на турскиот град Дузџе, известува Агенција Анадолија (АА).
Есенската магија најдобро може да се прикаже со фотографиите од воздух, снимени со дрон, што ги изработи фоторепортерот на АА. Природата овие есенски денови прелиена со жолта, портокалова и зелена боја, претворена е во уметничко дело на просторот на градот Дузџе.

Висорамнините Пуренли, Баликли, Деребалик и Хера секоја есен се домаќини на голем број љубители на природата, кои уживаат во несекојдневниот пејзаж на подрачјето на Дузџе обоен во жолти, зелени и кафеави тонови.