Handan Kazancı
26 Декември 2018•Ажурирај: 27 Декември 2018
ИЗМИР (АА) - Во рамките на истрагата против терористичката организација ФЕТО, турските безбедносни сили утринава приведоа најмалку 21 осомничено лице, јавува Anadolu Agency (AA).
„Приведувањата се извршени за време на истовремени антитерористички операции во девет области“, вели изворот, кој зборуваше под услов да остане анонимен.
Операциите се спроведени во областа Измир, како и во главниот турски град Анкара, и во Мерсин, Мугла, Маниса, Сирт, Коња и Сивас.
Во рамките на истрагата, турското Обвинителство издаде налози за приведување на 30 лица, вклучувајќи тројца суспендирани кадети и две пензионирани лица од турската Армија.
Полицијата трага по преостанатите девет лица.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а беа ранети речиси 2.200.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за рушење на државниот поредок преку нејзино инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и правосудството.