İzzet Taşkıran
09 Јуни 2020•Ажурирај: 11 Јуни 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - ИЗЕТ ТАШКИРАН -
Во првите пет месеци од оваа година, услугите на сите аеродроми во Истанбул ги користеа над 19 милиони патници и беа реализирани речиси 160.000 летови, јавува Агенција Анадолија (AA).
По ублажувањето на мерките воведени во претходниот период поради пандемијата на коронавирусот, во Турција постепено започна одвивањето на домашните летови, а од 10 јуни почнуваат и летовите на меѓународните рути.
Бројот на патници и летови на аеродромите „Истанбул“, „Сабиха Ѓокчен“ и „Ататурк“ поради пандемијата на коронавирусот во периодот јануари-мај годинава е помал во однос на истиот период минатата година.
Според турската Државна агенција за воздушен сообраќај (DHMI), во првите пет месеци од оваа година услугите на сите аеродроми во Истанбул ги користеле вкупно 19.347.116 патници, а во истиот период се реализирани 150.999 летови.
Во периодот јануари-мај на аеродромот „Истанбул“ се извршени вкупно 89.455 летови, на аеродромот „Сабиха Ѓокчен“ 48.417, а на аеродромот „Ататурк“ 13.127 летови.
Во првите пет месеци од минатата година услугите на аеродромите во Истанбул ги користеле 39.813.384 патници, а во истиот период се реализирани вкупно 276.673 летови.