Eda Özdener
31 Јули 2019•Ажурирај: 02 Август 2019
АНКАРА (АА) - Во првите 6 месеци од годинава, Турција ја посетиле 18.076.506 туристи, што во споредба со истиот период минатата година претставува раст од 13,2 отсто, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за култура и туризам на Турција и Институтот за статистика ги соопштија бројките за влез и излез од земјата, бројките за приход и бројките за престој на странските државјани во Турција.
Соодветно на тоа, во првите шест месеци Турција беше домаќин на 18.076.506 странски посетители. Најмногу посетители има од Германија и Руската Федерација. Според податоците на турското Министерство за култура и туризам, во јуни Турција ја посетиле 5.318.984 туристи, што претставува раст од 18,5 проценти во однос на истиот месец минатата година.
Во периодот јануари - јуни Турција беше домаќин на 18.076.506 туристи, што претставува пораст за 13,2 проценти во однос на истиот период претходната година.
- Бројот на посетители ја надмина бројката од 21 милион во првите 6 месеци -
Во вториот квартал од годината, според статистичките податоци објавени од Заводот за статистика на Турција, приходите од туризмот се зголемени за 13,2 отсто и изнесуваат 7.973.000.963 долари.
Турција, во текот на вториот квартал ја посетиле 1.657.406 турски граѓани кои се на привремен престој во странство. Во периодот од првите 6 месеци бројката изнесува вкупно 3.075.024, што претставува раст од 4,27 отсто во споредба со истиот период претходната година.
Просечното трошење по глава на жител на посетителите изнесува 649 долари во периодот јануари - јуни 2019 година. Според податоците, во првите 6 месеци Турција ја посетиле вкупно 21.151.530 лица, што претставува пораст од 11,81 отсто.
Во истиот период приходите од туризмот изнесуваат 12.603.000.642 долари, што претставува зголемување од 9,9 отсто.
- Најголем пораст на туристите од Германија -
Најголем број туристи коишто ја посетиле Турција се од Русија, а потоа следуваат Германија и Велика Британија.
Од Руската Федерација, со пораст од 4,62 отсто, Турција ја посетиле 1.035.745 туристи. Најголема стапка на пораст има кај туристите од Германија и тоа 30,29 отсто.
Во јуни од Германија во Турција пристигнале 588.508 туристи.
Велика Британија, со пораст од 17,22 проценти, во Турција испратила 359.462 посетители. По Велика Британија следува Бугарија, која се наоѓа на четвртото место, а Украина е на петтото место.
- Во првите 6 месеци најмногу туристи од Руската Федерација -
Според податоците за периодот јануари - јуни, најмногу посетители, во однос на истиот период претходната година, стигнале од Руската Федерација, 2.709.397, што претставува зголемување од 13,91 отсто.
Германија се најде на второ место со пораст од 15,52 проценти, односно искажано во бројки 1.802.365 туристи. Бугарија се најде на третото место со пораст од 25,14 проценти. Од Бугарија во Турција пристигнале 1.236.280 лица. По Бугарија следат Велика Британија и Иран.