?kipa
11 Јуни 2018•Ажурирај: 11 Јуни 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Според првичните информации, во пожарот во фабриката во Истанбул нема настрадани, а противпожарните и другите екипи и понатаму се на терен, јавуава Anadolu Agency (AA).

Во Истанбул утрово изби голем пожар во фабрика за ткаенини и предива во населбата Давутпаша, а огнената стихија брзо се прошири во повеќекатниот објект на фабриката.

Полицијата го блокираше сообраќајот во прометната населба на европското крајбрежје на Босфор, а неколку стотици пожарникари со околу 100 возила се обидуваат да ја скротат огнената стихија, во што значително им отежнува и ветрот.

Над Истанбул се надви голем облак од густ чад, а местото на несреќата го посети и гувернерот на Истанбул, Васип Шахин.
Шахин истакна дека среќа во несреќа е тоа што пожарот избил пред почетокот на работното време, кога во фабриката немало работници.

„Службите и понатаму се на терен и веќе е обезбеден појасот околу фабриката. Моментално пожарот делумно е ставен под контрола. Најголема утеха е тоа што нема настрадани“, нагласи гувернерот Шахин и најави детална истрага за причините и последиците од пожарот.
Истакнувајќи дека станува збор за голем пожар во петкатница и дека пожарникарите делуваат однадвор, Шахин рече дека последиците од пожарот ќе бидат познати дури по неговото целосно гаснење.
Тој повтори дека од управата на фабриката кажале дека во објектот немало луѓе во времето на избивање на пожарот.