Halis Akyıldız,Halil Demir
07 Мај 2021•Ажурирај: 07 Мај 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку осум лица се приведени во турската метропола Истанбул поради сомнение за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ и зоните на конфликти, изјавија денес безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Обласните антитерористички единици истовремено извршија рации на 15 адреси во 10 дистрикта во Истанбул и ги спроведоа приведувањата“, соопштија изворите под услов да останат анонимни.
Осомничените остануваат под истрага.
Во 2013 година, Турција стана една од првите земји што го прогласи ДЕАШ за терористичка организација.
Оттогаш во земјата беа извршени повеќе напади од терористичката организација, во кои беа убиени над 300 лица, а стотици беа повредени во најмалку 10 самоубиствени бомбашки напади, седум бомбашки напади и четири вооружени напади.
Како одговор, Турција започна антитерористички операции во земјата и во странство за да спречи нови напади.