Merve Berker
21 Август 2021•Ажурирај: 22 Август 2021
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа најмалку тројца терористи на ПКК во операција поддржана од воздух во северен Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Турското Министерство за национална одбрана преку Твитер соопшти дека Турските вооружени сили и Националната разузнавачка агенција МИТ ги нападнале позициите на терористите во воздушна операција во ирачката област Метина во близина на турската граница.
„Ќе продолжиме да ги уништуваме терористите во нивните дувла“, се додава во соопштението на Министерството.
Терористите на ПКК често се кријат во северниот дел на Ирак каде планираат прекугранични напади во Турција.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.