Dilaver Can
30 Август 2022•Ажурирај: 30 Август 2022
НЕВШЕХИР (АА) - По повод 100-годишнината од Денот на победата, 30 август, балони со турски знамиња летаа над Кападокија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Балони со турски знамиња лебдеа над самовилните оџаци.

Туристите кои имаа можност да ја видат неповторливата убавина на Кападокија и изгрејсонцето, со фотографиите што ги направија ја овековечија 100-годишнината од големата победа.
Пилотот на балон Халис Ајдоган, кој полета со балон во облик на турско знаме, во изјавата за медиумите рече:
„Денот на победата, 30 август, во нашата земја се одбележува со ентузијазам. Во Кападокија, центарот за летање со балони на топол воздух во светот, денес балоните летаа со турски знамиња.“

Пилотот Рамазан Куруоглу наведе дека Денот на победата 30 август го прославиле на небото.
Јавуз Тимур, иселеник од Германија, рече: „Прв пат дојдов во Кападокија. Беше многу убаво да се лета со балон. Честит да е Денот на победата. Сите сме среќни овде, одлично се забавуваме.“