Турција

Амбасадорот на Иран во Анкара повикан во Министерството за надворешни работи на Турција

Министерството за надворешни работи на Турција наведе дека Анкара очекува Иран да ја поддржи,а не да се спротивставува на борбата што Турција ја води против тероризмот

Zuhal Demirci  | 28.02.2021 - Обновена : 01.03.2021
Амбасадорот на Иран во Анкара повикан во Министерството за надворешни работи на Турција

АНКАРА 

Амбасадорот на Иран во Анкара, Мухамед Фаразманд, повикан е во Министерството за надворешни работи на Турција поради изјавите на иранскиот амбасадор во Багдад, Ираџ Масџеди, во кои ја критикува Турција за „нарушување на суверенитетот на Ирак“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за надворешни работи на Турција наведе дека Анкара очекува Иран да ги поддржи, а не да се спротивставува на борбата што Турција ја води против тероризмот.

Според дипломатски извори, Фаразманд денес е повикан во Министерството за надворешни работи откако иранскиот амбасадор во Багдад, Масџеди, во интервју за „Рудав“ (Rudaw) дал изјава во која ја критикува Турција за нарушување на суверенитетот на Ирак.

Од Министерството за надворешни работи на Турција силно ги отфрлија изјавите на амбасадорот Масџеди во кои ја обвинува Турција за кршење на суверенитот на Ирак и порачуваат дека во рамките на борбата против тероризмот операциите на Турција се спроведуваат против елементите на ПКК кои за цел ја имаат стабилноста, безбедноста и суверенитетот на Ирак.

Се додава дека за тоа се добро запознаени сите, вклучувајќи ги и ирачките власти.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи се наведува дека во текот на посетите на функционерите од највисоко ниво од Турција и Ирак, што се одржани во последно време, нагласено е дека терористичката организација ПКК е заедничка закана.

Укажано е и дека во споменатото интервју, иранскиот амбасадор Масџеди воопшто не ја споменал заканата што ја претставува присуството на ПКК во Ирак.

Од Министерството за надворешни работи на Турција, исто така, го потсетија амбасадорот Фаразманд дека е потребно двете земји да ги поддржат напорите за ставање на сите вооружени групи под владина контрола, вклучувајќи ги и оние што соработуваат со терористичката организација, за да ирачката Влада ефикасно се бори против ПКК.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.