Турција

Акар во Брисел: „Борбата на Турција против сите терористи продолжува“

„Турција особено ја продолжува својата борба против ФЕТО, ЈПГ/ПКК и ДЕАШ, заедно со другите терористички организации“, изјави Акар пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел

Büşra Nur Bilgiç Çakmak  | 12.02.2020 - Обновена : 12.02.2020
Акар во Брисел: „Борбата на Турција против сите терористи продолжува“ Фото: Arif Akdoğan/AA

БРИСЕЛ (АА) - Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, порача дека борбата на Турција против сите терористички организации продолжува и дека земјата е посветена кон воспоставување мир и стабилност во регионот, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Турција особено ја продолжува својата борба против ФЕТО, ЈПГ/ПКК и ДЕАШ, заедно со другите терористички организации“, изјави Акар пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.

Акар се состана и со амбасадорот на Турција во НАТО и турските воени претставници во седиштето на НАТО.

Тој изјави дека е важно да се објаснат целите на Турција, нејзините посветеност и жртвување пред светот.

Покрај присуството на дводневниот состанок на министрите за одбрана што започнува денеска во Брисел, Акар ќе оствари и билатерални средби со неговите колеги.

Тој се очекува да дискутира за регионалните безбедносни прашања, како и за хуманитарната криза во деескалациската зона во Идлиб.

Во нападите на режимот на Асад во Идлиб во текот на изминатите две недели загинаа околу десетина турски војници. Турција одговори со напад во кој загинаа околу 200 припадници на режимските сили на Асад и вети дека ниту еден напад нема да остане без одговор.

Турските војници се наоѓаат во Идлиб како дел од антитерористичката мировна мисија.

Северозападната сириска покраина Идлиб од самиот почеток на граѓанската војна е упориште на сириската опозиција.

Во моментов, популацијата на Идлиб, со внатрешната миграција достигна 4 милиони луѓе. Од март 2015 година се наоѓа под контрола на опозицијата. Идлиб е место кое е најмногу напаѓано од страна на режимот.

Турција, Русија и Иран, на состанокот одржан во Астана на 4-5 мај 2017 година, ги прогласија Идлиб и околината за зона без судири. Турција и Русија, како резултат на кршењето на Договорот за прекин на огнот од страна на режимските сили, постигнаа дополнителен договор за таа област.

Од потпишувањето на Договорот меѓу Русија и Турција на 17 септември 2018 година, до овој момент, од нападите на режимот и Русија во деескалациската зона Идлиб животот го загубија над 1.800 цивили.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.