Fatma Zehra Solmaz
10 Април 2026•Ажурирај: 10 Април 2026
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денеска одржа телефонски разговори со неговите колеги од Јужноафриканската Република и Туркменистан, со кои разговараше за прашања од заеднички интерес, јавува Анадолу.
Според извори од турското Министерство за надворешни работи, Фидан и јужноафриканскиот министер за надворешни работи, Роналд Ламола, дискутирале за политичкото и економското влијание на војната во Иран врз земјите кои не се вклучени во конфликтот.
Тие се осврнаа и на претстојните мировни преговори во Пакистан, кои треба да се одржат во рамките на веќе воспоставениот прекин на огнот, со цел изнаоѓање решение за конфликтот.
Соединетите Американски Држави (САД) и Иран во вторникот вечерта ја објавија одлуката за двонеделен прекин на огнот со посредство на Пакистан, како чекор кон можен поширок договор насочен кон ставање крај на конфликтот кој започна на 28 февруари, кога Иран и САД започна со напади врз Иран.
Во посебен телефонски разговор, Фидан разговараше и со својот туркменистански колега Рашид Мередов.
Изворите наведоа дека двајцата шефови на дипломатии разговарале за билатералните односи и регионалните прашања.