Eda Özdener
24 Октомври 2018•Ажурирај: 25 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Министерот за одбрана на Република Турција Хулуси Акар изјави дека Турција ќе преземе соодветни мерки во случајот да ѝ бидат загрозени правата или интересите во Егејското море, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Акар беше гостин на уредничкиот деск во седиштетот на АА во Анкара и ги коментираше актуелните случувања во Турција и во регионот.
Околу дискусијата за измена на правото за влез во граничните морски води на Егејското Море до 12 милји, министерот Акар рече: „Доколку се донесе одлука која е против правата и интересите на Турција, тогаш ќе бидат преземени сите потребни мерки на претпазливост“.
„Доколку биде донесена одлкука која е во спотивност со меѓународното право, во спровиност со постоечкиот договор, одлука која би била во спротивност со добрососедските односи, тогаш можам отворено да кажам каков би бил нашиот одговор. Ќе бидат преземени сите мерки напретпазливост. Би сакал секој да знае дека по ова прашање нема да дозолиме да бидеме ставени пред свршен чин“, изјави Акар, одговарајќи на прашањето за воведување на меѓугранична зона во морските води на 12 милји.
„Турција сака сите проблеми да ги решава по мирен пат и без блиски конфликти", рече Акар во коментарот за најавата на донеодамнешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, за поместување на грчките морски граници.
Поради тоа вчера, во Министерството за надворешни работи на Турција, на разговор е повикан и грчкиот амбасадор во Анкара, Петрос Мавроидис. Ресорниот министер Акар, исто така рече дека Турција никогаш нема да дозволи вознемирување на нејзините бродови во Источно Средоземје.
Министерството за надворешни работи на Турција претходно ја предупреди Грција да се држи подалеку од потезите кои ќе предизвикаат раст на тензиите во регионот, а предупредувањата се однесуваат на минатонеделниот обид на грчката морнарица да ги спречи сеизмолошките истражувања кои турскиот брод „Барбарос Хајретин Паша" ги спроведува на истокот на Средоземјето.
Акар денес рече дека турските поморски сили го контролираат тој регион и дека нема да дозволат нови инциденти. Тој потсети дека турскиот брод истражувањето го почнал во претходно утврден акваториум, наменет за научни истражувања, а дека обидот за интервенција на грчката морнарица е спротивен на меѓународните правни норми.
Осврнувајќи се кон регионалните прашања, Акар истакна дека ниту еден проект во регионот не може да биде успешен, тој не би можел да заживее, доколку во него не учествуваат Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК).
- „Од ДЕАШ ослободени 2.000 квадратни километри"
Турскиот министер Акар за АА говореше и за актуелната ситуација во Сирија, посебно кога станува збор за борбата против терористичките организации ДЕАШ и ЈПГ/ПКК на северот на Сирија.
„Турските вооружени сили во текот на операцијата Штитот на Еуфрат од терористичката организација ДЕАШ ослободила 2.000 квадратни километри територија и на северот на Сирија неутрализираа 3.000 терористи", рече Акар.
Со таа операција се ослободени повеќе сириски погранични градови со што е спречен планот долж тој појас да се воспостави терористички коридор.
„Турција никогаш нема да дозволи воспоставување на терористички коридор на југот", порача Акар.
Тој исто така укажа на неопходност на имплементација на турско-американскиот договор за сирискиот регион Мунбич, а кој се однесува на отстранување на терористите на ЈПГ/ПКК од тој регион и воспоставување на управа која ќе биде сочинета од локалното население.
„Заедничките патроли на турските и американските сили во сирискиот Мунбич ќе започнат по завршување на обуката", рече Акар.
- „За 90 отсто намелени прекршувањата на прекинот на огнот"
Турскиот министер за одбрана изјави дека е во тек имплементацијата на турско-рускиот договор за воспоставување на демилитаризирана зона во сирискиот Идлиб и дека кршењата на примирјето во тој регион се намалени за 90 отсто.
„Во голема мерка во коридорот во Идлиб повлечено е тешкото вооружување и радикалните елементи. За 90 отсто се намалени прекршувањата на прекинот на огнот“, изјави Акар.
Воспоставувањето на демилитаризираната зона во Идлиб, како најголема бунтовничка енклава во Сирија, кон срединатата на минатиот месец го договорија турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин.
Договорот предвидува да се воспостави безбедносен појас во кој контролата на прекинот на судири би ја вршеле турските и руските сили. Целта на договорот е превенција на нови страдања на цивилите во Идлиб.