Muhammed Nuri Erdoğan
23 Октомври 2023•Ажурирај: 24 Октомври 2023
АНКАРА (АА) – Турските безбедносни сили приведоа 33 странски државјани во главниот град Анкара поради сомневање дека се поврзани со терористичката организација ДЕАШ, соопшти денеска полицијата, пренесува Анадолу.
Полицијата приведе 33 осомничени, од кои 31 ирачки и двајца сириски државјани, во истовремени операции за приведување на 39 осомничени за тероризам, соопшти преку социјалната мрежа Х, турската Генерална дирекција за безбедност.
Истовремените операции се спроведени на 39 адреси во Анкара.
Осомничените ќе бидат предадени во локалниот центар за репатријација и во тек се напори за приведување на преостанатите шест осомничени, се додава во соопштението.
Туркије во 2013 година стана една од првите земји што ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација.
Терористите на ДЕАШ во текот на изминатите години извршија најмалку десет самоубиствени, седум бомбашки и четири вооружени напади во Туркије во кои животот го загубија над 300 лица, а стотици беа ранети. Како одговор на тоа, Туркије започна антитерористички операции во земјата и во странство за да се спречат понатамошни напади.