Selma Kasap
02 Септември 2019•Ажурирај: 03 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес во Анкара изјави дека најголем проблем во светот е неправилниот пристап до правдата на начин што оние на кои секој удар на својата слобода и благосостојба го сметаат за тероризам, немаат разбирање за темелните човекови права и за потребите на другите заедници, јавува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи за Стратегијата за реформа на правосудството во Турција, Ердоган рече дека Турција со овој документ покажува приврзаност кон полноправното членство во Европската Унија (ЕУ).
„Колку и да покажуваат отворено органите на ЕУ дискриминирачки став кон нас, со овој документ ние ја покажуваме својата приврзаност кон извршувањето на обврските за полноправното членство“, рече Ердоган.