Leyla Ataman Koyuncuoğlu
16 Јануари 2018•Ажурирај: 17 Јануари 2018
АНТАЛИЈА (AA) - ЛЕЈЛА АТАМАН КОЈУНЏУОГЛУ -
Турскиот туризам ги продолжува подготовките за новата сезона учествувајќи на саемот, кој започна минатата недела во Утрехт, Холандија, а сега и на саемот „CMT Штутгарт“ во Германија, еден од најголемите туристички саеми во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Утрехт, Холандија, се одржа 48. Саем за туризам на кој Турција беше промовирана на околу 650 квадратни метри изложбен простор. Секторските организации, потрошувачите, тур-операторите и туристичките агенции, турското Министерството за култура и туризам, како и „Turkish Airlines“ (Туркиш Ерлајнс) и бројни туристички професионалци учествуваа на саемот.
На штандовите беа претежно изложени и презентирани дестинации и хотели од Анталија и најатрактивните туристички дестинации на Турицја како Мугла, Измир, Чанаккале, Денизли, Истанбул, Кападокија, Кајсери и Бурса.
Саемот „CMT 2018“ во Штутгарт, Германија, кој се смета за еден од најголемите светски саеми за туризам, ќе биде отворен до 21 јануари. Саемот, на којшто учествуваат претставници од речиси над 100 земји, е прикажан како еден од важните саеми за турскиот туризам. На саемот се претставени културните, историските и природните убавини на Турција, како и најдобрите хотели.
Меѓународниот претставник на Асоцијацијата на туристички агенции и тур-оператори на Турција (ТУРСАБ) Хусеин Баранер, за АА изјави дека постои голем интерес за штандовите на Турција на саемите за туризам.
Баранер објасни дека во Европа, особено во Германија, семејствата со деца, спортистите и постарите лица покажаа интерес за Турција.
„Постојат девет хали на саемот во Штутгарт. Се вели дека 60 илјади луѓе го посетиле саемот првиот ден. Саемот покажува колку е конкурентен светскиот туризам. Турција зазема значајно место на саемот со сите учесници“, рече тој.
„Едни од најсреќните денови на Европејците се деновите од одморот. Одморот за нив претставува еден вид ослободување. Тие имаат големи очекувања од одморот. Оваа година ќе имаме значително зголемување на туристи од германскиот пазар во споредба со 2017 година", рече Баранер.
Како што нагласи тој, резервациите во туристичките агенции се зголемиле за 12 до 70 отсто, а информираше и дека според најголемиот светски тур-оператор порастот на резервациите за Турција изнесува 70 отсто.
„Турција на светскиот пазар има три големи адути. Прво, Турција ја поседува најмоќната 'армија' во областа на туризмот. Ако одите во било која земја во Европа ќе видите многу активни турски туристички агенции и работници, особено во Германија. Во оваа земја има 2 000 турски туристички агенции и 5 000 активни турски туристички претставници. Тоа се многу важни двигатели. Второ, 80 отсто од инфраструктурата на хотелите во Турција, ја нема на европскиот брег. Во Шпанија, Грција, во Италија нема хотели според квалитетот на хотелите во Турција. Ниту пространа градина, ниту кујна, ниту анимации за деца, без базен, ниту спа. Ако ги нема овие стандарди во хотелот, туристите не ќе можат да уживаат. И трето, поместување на Турција од политичката агенда во Европа“.
- „Можеме да привлечеме 4 милиони туристи од германскиот пазар“ -
Баранер рече дека оваа година, ќе биде забележан сериозен пораст на туристи од германскиот пазар.
„Ние годинава ќе привлечеме 4 милиони туристи од германскиот пазар што ќе биде сериозен пораст. Мислам дека Германците ќе ја посетат Турција во поглем број во месец август. Анталија ја очекува многу убава есен оваа година. Октомври и ноември се златните месеци на туристите. Во овие месеци очекуваме голем туристички прилив од Европа", истакна Барнер.
Посочи дека наместо големи објекти потребно е да се поддржат автентични семејни деловни објекти со 20 до 50 соби, каде што ќе се стави акцент на турската кујна и угостителството, на историските и знаменитостите од културата.