Emin Avundukluoğlu
01 Август 2017•Ажурирај: 02 Август 2017
АНКАРА (АА) - Мустафа Јенероглу, претседател на Комисијата за истражување на човековите права од турското Големо народно собрание и пратеник на АК партијата, истакна дека е потребно Германија парадигматски да ја измени својата политика кон Турција. „Германија не може и не треба да биде земја која е засолниште за терористичките организации кои се закана за безбедноста на Турција и кои посегнуваат по животите на турските државјани”, јавува Anadolu Agency (AA).
Пратеникот Јенероглу, член на едно турско иселеничко семејство од Германија и дипломец на правниот Универзитет во Келн, за АА даде оценка околу последните случувања во турско-германските односи.
Јенероглу рече дека е потребно Германија да се откаже од политиката со којашто сака да ја ослаби моќта на турската политика, земја која со Турција има длабоки трговски, човечки, социјални и културни врски и додаде дека воопшто не е рационално давањето простор на терористичките организации ПКК и ФЕТО во Германија.
„Минуваме низ еден историски период со Германија”, рече Јенеоглу, и додаде дека при објаснувањето на постоечките тензии меѓу двете земји, потсетувајќи дека во минатото, врските биле „асиметрични”, додаде:
„Турција јасно го покажа ставот за сопствените приоритети и одлучноста за прашања кои се од интерес на земјата, што Германија не може да го поднесе. Потребно е Германија, која одблиску ги познава социјалните и културните животи и политички структури на двете земји, парадигматски да ја измени својата политика кон Турција. Германија не може и не треба да биде земја која е засолниште за терористичките организации кои се закана за безбедноста на Турција и кои посегнуваат по животите на турските државјани”.
- „Германија кон Турција се однесуваше бесчувствително при обидот за државен удар од страна на ФЕТО” -
Околу бесчувствителноста на Германија кон Турција за време на обидот за државен удар кој се случи на 15. јули 2016 година, Јенероглу рече:
„Бомбардирањето на турскиот Парламент на 15. јули, планот за атентат врз претседателот на Турција, убивањето на 250 лица, нападот врз народот со тенкови и бомби, ниту едно од овие нешта не се на дневниот ред на германските политичари. Политичарите кои го посетија бомбардираниот парламент во Анкара, по враќањето во Германија, користеа јазик кој е дијаметрално спротивен. Поради негативен став кон Турција од страна на јавноста, германските политичари ја критикуваат Турција, во обид да добијат политички поени. Се наоѓаат во позиција на собирање политички поени пред претстојните избори. Впрочем секој кој употребува поинаков јазик, се наоѓа под притисок на јавноста. Молк владее и во медиумите. Повеќе нема толеранција за различни размислувања”.
- „Германските медиуми не успеаја да ја победат перцепцијата кон Турција”
Јенероглу рече дека германските медиуми не успеале да ја победат перцепцијата кон Турција, сметајќи дека е потребно оваа перцепција да се преклопи со реалноста за Турција. Тој истакна дека германските медиуми не ги земале предвид етичките закони, болката, траумите и солзите кои ги преживеа турскиот народ.
Јенероглу истакна дека е потребно Германија да направи сериозна самокритика околу сопствената политика кон Турција.
„Потребно е суштинско унапредување на турско-германските односи. Неодржлив е овој многу голем стрес во односите меѓу двете земји, кои влечат длабоки корени. Турција со својата млада популација, економија во пораст и геостратешка позиција од една страна и Герамнија со својата технологија и економска моќ од друга страна, се значајни партнери. Се надевам дека по престојните избори во Германија, ќе се смени јазикот и пристапот на политиката и медиумите кон Турција и ќе биде искажана емпатија за случувањата во Турција”, заклучи Мустафа Јенероглу, претседател на Комисијата за истражување на човековите права од турското Големо народно собрание и пратеник на АК партијата.