Bayram Altuğ
03 Ноември 2016•Ажурирај: 03 Ноември 2016
ЖЕНЕВА (АА) – Министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, истакна дека продолжуваат напорите за испорака на лидерот на терористичката организација ФЕТО: „Ако САД веруваат во правото, ако зборуваат за владеењето на правото, ако нас нѐ гледаат како сојузници и ако го почитуваат заедничкиот договор, тогаш треба да ни го испорачаат и лидерот на ФЕТО“, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Чавушоглу, кој е во официјална посета на Швајцарија, во амбасадата во Берн се сретна со претставници на турската заедница.
На средбата тој рече дека турската Влада работи на исполнување на потребите и барањата на Турците што живеат во странство. „Нашите граѓани, кои живеат во странство, за нас и за нашата надворешна политика се приоритет“, истакна Чавушоглу.
Чавушоглу нагласи дека досега се исполнети речиси сите барања на Турците кои живеат во странство, вклучувајќи го и правото на глас на избори.
„Особено се заблагодаруваме за поддршката што ни ја дадовте вечерта на 15. јули, за нашата држава и демократијата. Правиме секакви напори за да ја исчистиме структурата на нашата држава од овие предавници. Прецизно ја вршиме таа работа. Фала му на Бога, поминавме значителен дел. Од друга страна, не ги оставаме и во странство. Имаме добри резултати и од другите држави, каде и да се наоѓаат овие предавници, кои се закана за сите држави“.
„Треба да ни го испорачаат лидерот на ФЕТО“
Чавушоглу рече дека во многу држави каде што има здруженија или училишта на ФЕТО, тие се или затворени или преземени, и додаде дека системот на терористичката организација е ист во секоја држава.
Понатаму министерот посочи на тоа дека во државите каде што има училишта на ФЕТО, тие се инфилтраат во повеќе институции, како што се вооружените сили на тие држави, министерствата за надворешни работи, полицијата, судството и други институции.
Чавушоглу истакна дека продолжуваат напорите за испорака на лидерот на ФЕТО: „Ако САД верува во правото, ако зборува за владеењето на правото, ако нас нѐ гледа како сојузници и ако го почитува заедничкиот договор, тогаш треба да ни го испорачаат лидерот на ФЕТО. Ние ним им ги дадовме најважните докази. Поради ова ги продолжуваме нашите контакти и нашата борба“.
По говорот, Чавушоглу од претставниците на турската заедница ги слушна проблемите со кои се соочуваат тие.
Денес се очекува тој да се сретне со својот швајцарски колега, Дидие Буркхалтер, по што ќе се одржи прес-конференција.