Yunuz Icen
24 Декември 2015•Ажурирај: 28 Декември 2015
АНТАЛИЈА (АА)- Физичкиот хендикеп и проблемите во развој на Јилмаз Аџар не го спречија во намерата да стане професионален играч на билијард и претендент за влез во репрезентацијата на својата земја, што е уште еден од доказите дека желбата и истрајноста се доволни за рушење на бројните животни пречки, јавува Anadolu Agency (AA).
Аџар има 45 години. Тој од своето раѓање има проблеми во развојот,а моментално е единствениот хендикепиран професионален билијард играч во Турција и еден од ретките на светот.
Иако е повисок нешто повеќе од еден метар, Аџар како дете играл кошарка за инвалиди, потоа играл фудбал, а на забавите знае често да запее бидејќи важи за голем слухист и надарен музичар.
Билијардот го засакал како средношколец кога во еден клуб застанал на билијардската маса и го извел првиот удар. Од тогаш поминаа две децении, а Аџар стана професионален играч во американскиот билијард.
Во разговор за AA, Аџар истакна дека во студентските денови освои бројни турнири и дека моментално му е цел да стане турски репрезентативец и да се натпреварува ма меѓународната билијард сцена.
„Амбициозна сум и решителна личност, па нискиот раст никогаш во животот не ми претставувал бариера за остварување на целите и желбите. Еве веќе 20 години играм билијард. Поради долгите обврски не можев целосно да му се посветам на тренингот, но секогаш учествував на првенствата и на специјалните турнири. На првенството во Турција 2008 година влегов во десетте најдобри во земјата" рече Аџар.
Решитенелен да стане репрезентативец на својата земја, Аџар рече дека максимално се посветил на тренингот и самоуверено оди кон остварување на својата цел.
„Како пеач настапувам на некои концерти но сега сум посветен на билијардот. Тоа е спорт кој човекот го учи на многу нешта. Да имам некоја власт, би наредил да се изучува во школите бидејќи билијардот е џентлментски спорт кон не учи да ги почитуваме сите сопарници и сите луѓе", порача Аџар.