Adis Karaca,Elvir Hociç
06 Декември 2015•Ажурирај: 07 Декември 2015
САРАЕВО (АА) - Поранешниот капитен на Барселона, Чави Ернандес, изјави дека неговиот поранешен соиграч Лионел Меси е фаворит за овогодинешната Златната топка, јавува Anadolu Agency (АА).
Тридесетипетгодишниот играч беше на скратената листа на избор за Ballon d' Or 2009, 2010. и 2011 година и се верува дека оваа година не постои дискусија за тоа кој ќе ја освои престижната награда во организација на ФИФА и магазинот "Франс фудбал".
"Мислам дека Лео (Меси) е јасен фаворит и тој го заслужува тоа за се што има постигнато во Барселона", изјави Шпанецот за официјалниот сајт на ФИФА.
Играчот од катарскиот Ал Сад истакна дека Меси командува во сите аспекти на играта.
"Тој е најдобар во сè, и тоа го покажува на секој натпревар. Тој ја заслужува Златната топка", изјави Чави.
Аргентинецот е фаворит за освојување на наградата откако ја однесе Барселона на тројната круна минатата сезона.
Изборот за најдобрите играчи на сезоната ќе се одржи во Цирих на 11 јануари.