Adis Karaca,Elvir Hociç
06 Декември 2015•Ажурирај: 06 Декември 2015
САРАЕВО (АА) - Англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед, има намера да се повлече од трката за Пеп Гвардиола чиј договор со Баерн ќе истече на крајот на сезоната, јавува Anadolu Agency (АА).
Од Јунајтед изјавија дека имаат информации дека Гвардиола нема да го обнови договорот со баварскиот клуб, но тие не се заинтересирани, поради времето и поддршката за сегашниот тренер Луис ван Гал. Раководството на трофејниот англиски клуб смета дека новата дестинација на каталонскиот професионалци ќе биде во Сити.
Јунајтед вообичаено би го имале на ум Гвардиола, но тој ќе биде слободен следното лето, кога на холандскиот тренер ќе му остане уште една година договор со Јунајтед.
Доколку не сме смени нешто драстично, Јунајтед на клупата ќе го задржи Холанѓанецот.
Иако Пелегрини го продолжи договорот до крајот на сезоната 2016/2017, неговата позиција не е силна, особено по поразот против Стоук 0:2 што е трета изгубена утакмица во пет круга.
Извршниот директор на Сити, Феран Сориано и спортскиот директор Чики Бегиристан размислуваат на Гвардиола веќе некое време.