ПАРИЗ (АА) - ЈУСУФ ОЗЏАН - Во период кога во Франција на интензитет добива ставот против имигрантите, интересен е фактот дека поголемиот дел од фудбалерите во француската репрезентација кои на оваа земја ѝ ја донесоа шампионската титула, се имигранти кои потекнуваат од Африка, пишува Anadolu Agency (АА).
Новинарот на АА, анализирајќи ги информациите, дојде до констатацијата дека во редовите на француската репрезентација, која по цели 20 години повторно во своите витрини го донесе Купот на светските првенства, играат само двајца Французи, додека поголемиот дел од репрезентацијата го сочинуваат африкански имигранти.

Од друга страна, Франција, која во последниот период е многу критикувана поради нејзиниот став, особено кон имигрантите и бегалците, изгледа дека во време кога го слави освојувањето на шампионската титула, ставот против имигрантите и бегалците го ставила на рафт.
- Меѓу 23 играчи во репрезентацијата, 15 се со потекло од Африка
Интересен е фактот дека меѓу 23 играчи во француската репрезентација, 15 се фудбалери кои потекнуваат од Африка.
Француски репрезентативци кои потекнуваат од Африка се:
Килијан Мбапе (19), ѕвездата на Пари Сен Жермен, роден е во Париз. Тој е дете на имигрантско семејство. Татко му потекнува од Камерун, а мајка му од Алжир.
Пол Погба (25), кој ги брани боите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, роден е во Лањи на Марна, предградие на Париз, а по потекло е од Гвинеја.
Нголо Канте (27) е уште еден фудбалер роден во Париз, чии родители потекнуваат од Мали. Од Мали потекнува и Џибрил Сидибе (26), роден во францускиот град Троа.
Во репрезентацијата на Франција, по потекло од Конго се Стив Манданда (33), Преснел Кимпембе (22) и Стивен Нзонзи (29).
Самјуел Умтити (24), кој го постигна погодокот против Белгија за пласман во финалето, роден е во Камерун.
Бенжамен Менди (24) е од Сенегал, Блез Матуиди (31) од Ангола, Корентин Толисо (23) од Того, Тома Лемар (22) од Гуадалупе и Нигерија, Адил Рами (32) од Мароко, Набил Фекир (25) од Алжир.
Усман Дембеле (29), напаѓачот на Барселона, роден е во францускиот град Вернон. Мајката на Дембеле потекнува од Мавританија, додека татко му е од Нигерија.
- Во репрезентацијата има само двајца Французи
Покрај фудбалерите кои потекнуваат од Африка, во француската репрезентција има играчи кои потекнуваат од Шпанија, Италија и Португалија.
Лукас Ернандез (22), кој ги брани боите на Атлетико Мадрид, по потекло е од Шпанија; Рафаел Варан (25), роден во францускиот град Лил, по потекло е од Мартиник; Оливје Жиру (31), кој игра за премиерлигашот Челзи, по потекло е од Италија. Голманот Иго Лорис (31), роден во Ница, потекнува од каталонскиот дел меѓу Шпанија и Франција. Таткото на Антоан Гризман (27) е Германец, а мајка му Португалка. Третиот голман на репрезентацијата, Алфонс Ареола (25), роден е во Париз, а по потекло е од Филипини.
Во француската репрезентција играат само двајца Французи. Тоа се Бенжамен Павар (22) и Флоријан Товен (25).
Во исто време, репрезентативците Џибрил Сидибе, Пол Погба, Бенжамен Менди, Набил Фекир, Усман Дембеле и Адил Рами се муслимани.
- Лиожи: „За време на прославата забораваат дека се расисти и исламофоби“
Професорот д-р Рафаел Лиожи, социолог и професор на Универзитетот „Sciences Po Aix“, во разговорот со новинарот на АА истакна дека десничарите и националистите во Франција се тажни поради фактот што репрезентацијата не е во потполност составена од Французи.
Проф. Лиожи изјави дека во исто време, постои одреден дел од Французите кои велат дека доколку во Франција не се населиле имигранти од колонизираните африкански земји, таа немало да го освои Светското првенство во Русија. Затоа, според нив, тие нема да ја сметаат за легитимна освоената титула. Според проф. Лиожи, француската национална репрезентација, составена главно од африкански играчи, го одразува колоритот на земјата, нејзината разновидност и култура.
„Една група во Франција се радува на освоената шампионска титула, но во својот секојдневен живот може да биде исламофоб, расист и ксенофоб. Оваа победа на Франција, за овие луѓе треба да биде лекција против расизмот, бидејќи за време на прославата за победата, заборавија дека во преостанатото време тие се расисти и исламофоби“, рече проф. Лиожи, истакнувајќи дека Французите не само за време на прославата за победата на Светскиот шампионат, туку и во сето преостанато време е потребно да ги избегнуваат расистичките и антиисламистичките толкувања.