Hüseyin Burak Demirer
28 Март 2016•Ажурирај: 29 Март 2016
ГЕНТ (АА) - Белгискиот велосипедист Антоан Демоати (25) почина во болница во францускиот град Лиле, откако се повреди на вчерашната еднодневна трка Гент-Вевелгем, јавува Anadoly Agency (AA).
Младиот велосипедист кој возеше за тимот ‘"Wanty-Groupe Gobert", падна на средина од трката а потоа беше прегазен од еден мотоциклист кој беше придружба на трката.
Несреќниот велосипедист со хеликоптер беше пренесен во болницата во Лиле, меѓутоа лекарите не успеаа да го спасат.
Од тимот "Wanty – Groupe Gobert" потврдија дека младиот спортист починал а на официјалниот профил на Твитер објавија црно-бела фотографија на починатиот спортист.
Се работи за престижна трка која се вози на патека долга 243 километри помеѓу белгиските градови Гент и Вевелгем.