Dejan Maksimoviç
23 Март 2017•Ажурирај: 24 Март 2017
ДОРТМУНД (АА) - Лукас Подолски (31), по синоќешната разделба од дресот со државен грб, изјави дека сѐ било како во прекрасен филм. Германија со 1 : 0 во пријателскиот натпревар во Дортмунд ја победи Англија, а стрелец на победничкиот гол во својот 130. настап, воедно и последен, беше Подолски, јавува Anadolu Agency (AA).
„Малиот принц“, како што Германците го нарекуваат, во 61. минута од натпреварот стигна до топката постигнувајќи гол со кој Германците дојдоа до победа против нивниот ривал.
„Ова е како во прекрасен филм Победивме со 1 : 0 и јас постигнав гол. Знам дека имам лева нога која веројатно ми е дар од Бога, или од некој таму горе, а јас секогаш можев да сметам на неа. Горд сум на овие последни 13 години. Атмосферата на стадионот покажа колку сум поврзан со луѓето од Келн. На стадионот имаше најмалку 30.000 луѓе од Келн. Целиот се наежив“, вели Подолски.
Во текот на репрезентативната кариера, Подолски со Германија ја освои титулата шампион на светот во 2014 година во Бразил, а пак двапати го освои третото место.
На Европското првенство во 2008 година стигна до финалето, но таму на патот се испречи Шпанија. Во клупската кариера играше за Келн, Баерн Минхен, Арсенал, Интер и за Галатасарај.