спорт

Победникот во финалето на Лигата на шампиони добива 15,5 милиони евра

Европската фудбалска федерација оваа сезона во Лигата на шампиони подели повеќе од 1,3 милијарди евра. За следната сезона се очекува зголемување на наградниот фонд за околу 30 отсто

Dejan Maksimoviç  | 26.05.2018 - Обновена : 27.05.2018
Победникот во финалето на Лигата на шампиони добива 15,5 милиони евра

Kiev

КИЕВ (АА) - Фудбалерите на Реал Мадрид и Ливерпул вечерва на Олимпискиот стадион во Киев нема да се борат само за пехарот во Лигата на шампионите, туку и за богата награда од 15,5 милиони евра. Поразениот тим ќе добие утешни 11 милиони евра, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во заработувачката, која на финалистите им ја исплаќа Европската фудбалска федерација (УЕФА), вклучен е и профитот од продажбата на билети која подеднакво се дели на двата клуба.

Европската фудбалска федерација оваа сезона во Лигата на шампиони подели повеќе од 1,3 милијарди евра. За следната сезона, со оглед на тоа што на сила стапува нов тригодишен циклус на спонзорски и договори за ТВ-права, се очекува зголемување на наградниот фонд за околу 30 отсто.

Во сезоната, која вечерва во Киев ќе го достигне својот врв, сите клубови, учесници во групната фаза, добија речиси 13 милиони евра. Ќе биде наградена секоја победа и нерешен резултат во групата, потоа пласманот во секоја следна рунда на натпревари, а клубовите ќе добијат и дел од парите од телевизиските права.

Реал Мадрид оваа сезона од УЕФА ќе добие најмалку 80 милиони евра, а Ливерпул 75, вклучувајќи и 2 милиона евра заработени во плеј-офот во Лигата на шампионите.

Финалето од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид - Ливерпул ќе се игра вечерва на Олимпискиот стадион во Киев. „Кралскиот клуб“ сака по третпат едноподруго да дојде до титулата „Шампион на Европа“, вкупно 13-та, додека „редсите“ ќе се обидат да ја освојат својата 6. титула.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın