Doğa Kırmızıoğlu
12 Март 2021•Ажурирај: 12 Март 2021
АНКАРА (АА) - Синоќа се одиграа првите натпревари од осминафиналето во УЕФА Лига Европа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во второто по важност фудбалско клупско натпреварување вчера се одиграа осум натпревари од осминафиналето на Лига Европа.
Натпреварите беа поделени во две групи. Четири натпревари започнаа во 18:55, а останатите четири натпревари се одиграа со почеток во 21:00 часот.
Една од дерби-средбите на осминафиналето на Лига Европа беше дуелот во кој Манчестер Јунајтед на стадионот „Олд Трафорд“ го пречека Милан.
Во петтата минута од првото полувреме Рафаел Леао постигна погодок за Милан, но беше поништен поради офсајд. Во 11. минута Франк Кесие постигна погодок, но по прегледот на позицијата, благодарение на судискиот видеоасистент (ВАР-системот), утврдено е дека пред постигнувањето на погодокот, топката ја контролирал со рака.
Во првото полувреме Манчестер Јунајтед имаше извонредна шанса по центаршутот на Мејсон Гринвуд, да поведе во дуелот против Милан, но капитенот Хари Мегваер ударот што го упати кон празниот гол на Милан ја погоди стативата и отиде во гол аут. Така првото полувреме на „Олд Трафорд“ заврши без погодоци, 0:0.
Второто полувреме Манчестер Јунајтед го започна со силен притисок на голот на гостите и веќе во 50. минута со погодокот на 18-годишниот Амад Диало поведе со 1:0. Пред крајот на натпреварот, во судиското продолжение, Милан со погодокот што Симон Кјер го постигна во 90.+2. минута ја затресе мрежата на Манчестер и го изедначи резултатот на 1:1, резултат со кој заврши средбата.
Тотенхем на домашен терен го пречека хрватскиот претставник Динамо Загреб. Домаќините славеа со 2:0, а двата погодоци за Тотенхем ги постигна голгетерот Хери Кејн во 25. и 70. минута од натпреварот.
Реванш-средбите од осминафиналето на Лига Европа се закажани за 18 март (четврток).
- Резултати од синоќа одиграните натпревари:
Манчестер Јунајтед - Милан 1:1
Динамо Киев - Виљареал 0:2
Ајакс - Јанг Бојс 3:0
Славија Прага - Ренџерс 1:1
Олимпијакос - Арсенал 1:3
Гранада - Молде 2:0
Тотенхем - Динамо Загреб 2:0
Рома - Шахтјор Донецк 3:0