Hüseyin Burak Demirer
29 Декември 2021•Ажурирај: 30 Декември 2021
АНКАРА
На натпреварот во кој Мајами Хит го совлада Вашингтон Визардс со резултат 119:112, турскиот репрезентативец Омер Фарук Јуртсевен за Хит постигна дабл-дабл од 10 поени и 14 скока, известува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа осум натпревари во НБА. Хит со победата на домашен терен над Визардс, ја постигна својата четврта последователна победа.
Најдобра игра во редовите на Хит прикажаа Тајлер Хиро со постигнати 32 поени, 6 скока, Џими Батлер со дабл-дабл од 25 поени, 15 асистенции, 8 скока и Данкан Робинсон со 26 поени, а Омер Фарук Јуртсевен, кој натпреварот го започна во првата петорка, постигна дабл-дабл од 10 поени, 14 скока и 3 украдени топки.
Кај Визардс најпрецизни беа Спенсер Динвиди со дабл-дабл од 24 поени, 11 асистенции, 7 скока, Кајл Кузма со 22 поени, 7 скока и Дејвис Бертанс со 19 поени.
- Лејкерс до победа по пет порази
Лос Анџелес Лејкерс, кој вложува напори за обезбедување место во плејофот во Западната конференција, го совлада Хјустон Рокетс со 132:123.
На оваа средба трипл-дабл во редовите на Лејкерс постигнаа Леброн Џејмс со 32 поени, 11 скока, 11 асистенции и Расел Вестбрук од 24 поени, 12 скока, 10 асистенции, прекинувајќи ја серијата од пет порази. Клучна улога во победата на Лејкерс одиграа и Кармело Ентони со 24 поени, 9 скока и Малик Монк со 25 поени.
Во редовите на Рокетс најпрецизен беше Џејлен Грин со 24 поени, а Кевин Портер и Кристијан Вуд постигнаа по 22 поени. Турскиот интернационалец Алерен Шенгун, натпреварот го заврши со 10 поени и 2 скока.
- Харис постигна трипл-дабл во победата на Севентисиксерс над Репторс
Филаделфија Севентисиксерс како гостин го совлада Торонто Репторс со 114:109. Најзаслужни за победата на Севентисиксерс беа Тобијас Харис со трипл-дабл од 19 поени, 12 скока, 10 асистенции и Џоел Ембид со дабл-дабл од 36 поени, 11 скока. Турскиот репрезентативец Фуркан Коркмаз, кој на теренот влезе од клупата, постигна 10 поени и 3 скока.
- Резултати
Орландо Меџик - Милвоки Бакс 110:127
Мајами Хит - Вашингтон Визардс 119:112
Торонто Репторс - Филаделфија Севентисиксерс 109:114
Хјустон Рокетс - Лос Анџелес Лејкерс 123:132
Њу Орлеанс Пеликанс - Кливленд Кавалирс 108:104
Минесота Тимберволвс - Њујорк Никс 88:96
Голден Стејт Вориорс - Денвер Нагетс 86:89
Сакраменто Кингс - Оклахома Сити Тандер 117:111