Mutlu Demirtaştan
29 Јануари 2021•Ажурирај: 30 Јануари 2021
ИСТАНБУЛ - Екипата на Лос Анџелес Клиперс како гостин го совлада Мајами Хит со резултат 109:105, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа четири натпревари во американската Национална кошаркарска лига (НБА). Екипата на Клиперс, која е една од кандидатите за шампионската титула, со одлична игра, во која на моменти имаше предност и од 18 поени разлика, како гостин го совлада Хит со 105:109 и дојде до својата 14. победа сезонава.
Во Клиперси кои на овој натпревар настапија без своите ѕвезди Кавај Леонард и Пол Џорџ, одлична игра прикажаа Николас Батум со 18 поени, 6 скока, 2 асистенции, Лоу Вилијамс со 17 поени, 5 скока, 4 асистенции, Маркус Морис со 16 поени, 5 скока, 1 асистенција и Реџи Џексон со 16 поени, 8 скока, 6 асистенции. Серж Ибака постигна дабл-дабл од 10 поени, 13 скока, 3 асистенции.
Во редовите на Хит дабл-дабл учинок постигнаа Тајлер Хиро со 19 поени, 10 скока, 5 асистенции и Бем Адебајо со 16 поени, 13 скока, 7 асистенции. Геби Винсент постигна 18 поени, 4 скока, 4 асистенции, но недоволно за да се избегне 12. пораз сезонава.
- Пистонси ги совладаа Лејкерси -
Екипата на Детроит Пистонс како домаќин со резултат 107:92 го совлада актуелниот шампион на НБА, екипата на Лос Анџелес Лејкерс.
Во редовите на Пистонс, кој стигна до својата 5. победа сезонава, најдобра игра прикажаа Блејк Грифин со 23 поени, 3 скока, 6 асистенции, Вејн Елингтон со 20 поени, 2 скока, 2 асистенции и Мејсон Пламли со дабл-дабл учинок од 17 поени, 10 скока и 2 асистенции.
За екипата на Лејкерс во која поради повреда не настапи Ентони Дејвис, дабл-дабл учинок постигнаа Леброн Џејмс со 22 поени, 10 асистенции, 7 скока и Кајл Кузма со 22 поени, 10 скока, но недоволно за да се избегне 6. пораз сезонава.
- Резултати
Хјустон Рокетс - Портланд Треил Блејзерс 104:101
Детроит Пистонс - Лос Анџелес Лејкерс 107:92
Мајами Хит - Лос Анџелес Клиперс 105:109
Феникс Санс - Голден Стејт Вориорс 114:93