спорт

НБА: Клиперс го совлада Блејзерс, Никс подобар од Хорнетс

- Во рамките на натпреварите во американската Национална кошаркарска лига (НБА), Лос Анџелес Клиперс, благодарение на 33-те поени на Пол Џорџ извојува победа од 113:112 над Портланд Треил Блејзерс

Abdulkadir Karakaya  | 21.04.2021 - Обновена : 22.04.2021
НБА: Клиперс го совлада Блејзерс, Никс подобар од Хорнетс

ИСТАНБУЛ 

Во рамките на натпреварите во американската Национална кошаркарска лига (НБА), Лос Анџелес Клиперс, благодарение на 33-те поени на Пол Џорџ извојува победа од 113:112 над Портланд Треил Блејзерс, известува Агенција Анадолија (АА).

Синоќа се одиграа пет натпревари во НБА. Во дуелот меѓу екипите од Западната конференција, Клиперс со резултат 113:112 го совлада Блејзерс и ја извојува својата 15. победа во последните 18 натпревари.

Кај Клиперс најпрецизни кошаркари беа Пол Џорџ со дабл-дабл од 33 поени, 11 скока, 3 асистенции и Маркус Морис со 16 поени, 6 скока.

Кај Блејзерс кој против Клиперс го доживеа својот 28. пораз сезонава, најпрецизни беа Си Џеј Маколум со 28 поени, 5 скока, 5 асистенции и Норман Пауел со 23 поени, 3 асистенции.


- Никс ја постигна својата седма последователна победа

Екипата на Њујорк Никс која се бори за пласман меѓу првите осум места кои обезбедуваат пласман во плејофот на Источната конференција, успеа со резултат 109:97 да го совлада Шарлот Хорнетс и ја извојува својата седма последователна победа.

Ар Џеј Барет на овој натпревар постигна 24 поени, Дерик Роус и Имануел Куикли постигнаа по 17 поени, додека Џулиус Рендл постигна дабл-дабл од 16 поени, 10 скока, 7 асистенции, а Реџи Булок натпреварот го заврши со 16 поени, 4 скока, 4 асистенции.

Кај Хорнетс најпрецизни играчи беа Пи-Џеј Вашингтон со 26 поени, 3 скока и Тери Розиер со 21 поен, 8 асистенции.


Резултати:

Њујорк Никс - Шарлот Хорнетс 109:97

Атланта Хоукс - Орландо Меџик 112:96

Њу Орлеанс Пеликанс - Бруклин Нетс 129:134

Портланд Треил Блејзерс - Лос Анџелес 112-113

Сакраменто Кингс - Минесота Тимберволвс 120:134

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.